Ѓоковиќ: Прв ќе му честитам на Медведев ако избие на прво место на АТП-листата

Новак Ѓоковиќ – првиот светски тениски рекет рече дека прв ќе му честита на Русинот, Данил Медведев, кој оваа недела може да го симне од врвот на АТП рејтингот.

„Тоа ќе се случи еден ден. Медведев ќе стане првиот рекет на светот. Ако ова се случи оваа недела, јас ќе бидам првиот што ќе му честитам“ – рече Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ че настапи на турнир во Дубаи – прв по скандалот со визата во Австралија.