Полицијата врши претрес во станот на хрватски министер за градежништво
Утринава хрватската полиција започна претрес на станот на хрватскиот министер за градежништво, просторно планирање и државен имот – Дарко Хорват, пренесува агенцијата Хина.
Полицијата и државното обвинителство се уште не се изјасниле околу информацијата.
Неофицијално се дознава дека Хорват е поврзан со злоупотреба на службената положба и овластувањата.
Во хрватските медиуми се шпекулира дека истражни органи ја проверуваат вмешаноста на Хорват во злоупотребите за кои е осомничена неговата поранешна помошничка – Ана Мандац.