Бугарско МНР – Ситуацијата во Украина ескалира!

Велислава Петрова – заменик-министерката за надворешни работи на Бугарија изјави дека моментално ситуацијата во Украина ескалира.

Според Петрова, позицијата на Бугарија е јасна и земјата продолжува да го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници.

Министерството за надворешни работи информира дека во моментов се регистрирани 84 бугарски државјани во Украина, од кои шест изразиле желба доколку има потреба да бидат евакуирани.

Петрова во наредните денови најави дека е планирано и патување на бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска заедно со колеги од балтичките земји во Украина.