
Пожарникар загина за време на спасувачка акција во клисура на грчкиот остров Родос
При операцијата за спасување и пренесување на безбедна локација на двајца туристи од непроодно место во клисура на грчкиот остров Родос, загина пожарникар, кој учествувал во спасувачката акција.
При операцијата за спасување и пренесување на безбедна локација на двајца туристи од непроодно место во клисура на грчкиот остров Родос, загина пожарникар, кој учествувал во спасувачката акција.
Според грчките медиуми, пожарникарот се лизнал и паднал од голема височина, а од противпожарната служба на Грција информираа дека со возило на брзата помош бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт.
По наредба на министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас, началникот на противпожарната служба наредил спроведување на внатрешна административна истрага со цел целосно да се расчистат околностите и причините за несреќата.