Поглаварот Порфириј и архиепископот Стефан во соборниот храм во Скопје на заедничка литургија
Во соборсниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во тек е заедничка литургија на поглаварот на СПЦ – поглаварот Порфириј и архиепископот на МПЦ-ОА – г.г. Стефан.
Литургијата е по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветлители Кирил и Методиј.
По литургијата на која има голем број верници се очекува двајцата поглавари да имаат говори.
Денешната заедничка литургија во Скопје е продолжение на затоплувањето на односите меѓу двете цркви кое почна со заедничката литургија во четвртокот во храмот Св. Сава во Белград.
Двете земји и двата црковни народи оваа литургија ја означија како историски чин, со кој се потврди надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и обновувањето на канонското и евхаристиското општење.
Очекувањата во Скопје се дека наскоро СПЦ ќе достави барање до Вселенската Патријаршија за автокефалност на МПЦ-ОА.
Вселенската патријаршија на 9-ти мај ја призна за канонска МПЦ – ОА. Во меѓувреме грчките медиуми вчера пренесоа изјава од Вселенскиот патријарх Вартоломеј.