Зеленски: Не прифаќам никакви средби со никого од Русија, освен со претседателот на таа земја!

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски на Светскиот економски форум во Давос рече дека единствен руски функционер со кој ќе разговара е Владимир Путин. Средбата со Путин би имала само една цел – ставање крај на војната.

„Без него не се носат одлуки. И ние мора да бидеме јасно свесни за тоа. И ако зборуваме за конкретна одлука за завршување на војната, тогаш оваа одлука нема да биде донесена без него“ – рече Зеленски.

Тој посочи дека Украинците немаат голема желба да се сретнат со посредници.

„Не прифаќам никакви средби со никого од Русија, освен со претседателот на таа земја. И само ако има едно прашање на маса, она за завршување на војната. Тоа е тоа. Нема што друго да се зборува“ – рекол Зеленски.

Тој на форумот повторно побарал максимални санкции против руската нафта, банките и ИТ секторот.