Поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј во четврток ќе одржат заедничка литургија во храмот „Свети Сава“ во Белград. На литургијата ќе сослужуваат сите архијереји од двете цркви.
Ова претставува прв конкретен чекор откако вчера СПЦ ја врати МПЦ во канонско единство. Соборот на Српската православна црква вчера соопшти дека за Македонската православна црква го прифаќа статусот на најширока можна автономија односно целосна внатрешна независност, кој ѝ бил доделен уште во 1959 година.
СПЦ го изнесе ставот откако на 9 мај Вселенската патријаршија за признавање на црковната јерархија на Охридската архиепископија предводена од архиепископот Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет.
И додека од МПЦ се уште има молк за одлуката на СПЦ, единствено владиката Петарз а Канал 5 рече дека во одлуката на СПЦ гледа чекор напред во односите меѓу двете цркви.
„Констатиравме дека забраната за заедничко богослужение со другите цркви од страна на Вселенската Патријаршија е симната. Понатаму Вселенската Патријаршија не упатува на уредување на управните работи со СПЦ, и тоа е констатација врз основа на нивната одлука на Вселенската Патријаршија. Но сето што досега се случува сметам дека е во насока на доброто на нашата Црква и стигнување до конечниот статус а тоа е автокефалност на нашата Црква“ вели тој.