Меган Маркл е загрижена, на есен ќе се објави книга за неа!

Том Бовер – истражувачки новинар, биограф и писател од Велика Британија ќе обнави книга за Меган Маркл, за која тврди дека во себе ќе содржи „неверојатни информации“, пишува „Daily Mail“.

Тој вели дека завршил со пишувањето на книгата и истата може да биде објавена оваа есен.

„Дознав работи за неа кои се навистина неверојатни. Мислам дека перцепцијата на јавноста за неа или ќе се потврди или ќе се влоши, но во секој случај ќе биде големо изненадување“, изјави Бовер иако потенцира дека му било тешко да дојде до информации за Меган, бидејќи луѓето не биле баш одушевени да зборуваат, а таа и нејзините адвокати правеле сè за да го саботираат пишувањето на книгата.

„Тоа е навистина одлична, фасцинантна приказна за жена која буквално од никаде станува светска фигура, а која згазила се на патот, што е одлика на многу политичари и тајкуни“, додава Бовер.

Наводно, Меган е загрижена поради објавувањето на оваа книга.

„Според информации од многу добри извори, Меган е загрижена дека оваа книга може да наштети на нејзиниот имиџ. Загрижена е околу тоа со кого разговарал Бовер и се прашува, како што истакнува нејзиниот тим, колку тие тврдења за неа се точни. Во секој случај, многу повеќе луѓе веруваат дека ќе ја дознаат вистината од неговата книга отколку од мемоарите на принц Хари“, велат добро упатени извори.