Министерката за здравство на Франција – Брижит Боругињон синоќа изјави дека „Французите би требало повторно да почнат да носат маски на преполни места, особено во јавниот превоз, бидејќи Франција се бори со новиот бран на заболени од Ковид-19“.
„Не велам дека треба да биде задолжително, но барам од народот на Франција да стави маска во јавниот превоз“ – рече таа за „РТЛ“.
„Не дека само го препорачувам, ве молам да го направите тоа“ рече министерката додавајќи дека маските треба повторно да се носат на други затворени простори, како што се работни места и продавници.
Франција регистрира 17.601 нови случаи на инфекција со коронавирус во изминатите 24 часа, што е најголем број од 18. април годинава.