Пронајдени се 46 починати мигранти во камион во Тексас

Во камионска приколка во Сан Антонио, Тексас пронајдени се починати 46 мигранти.

Противпожарните служби соопштија дека уште 16 луѓе биле пронајдени во приколката и се пренесени во болница поради топлотен удар и исцрпеност, меѓу кои и четири малолетни лица. По инцидентот, надлежните информираат дека три лица се во притвор.

Камион кој превезувал мигранти бил пронајден во близина на железничка пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот.

Температурата на воздухот во Сан Антонио вчера изнесуваше над 39 степени Целзиусови, со висока влажност.

Мексиканскиот министер за надворешни работи – Марсело Ебрард на Твитер инцидентот го нарече „трагедија во Тексас“ и ја обвини политиката на американскиот претседател Џо Бајден.