Повеќе од 20 лица се повредени во воздушен напад во Днепар

Повеќе од 20 лица се повредени во воздушен напад синоќаво Днепар во централна Украина, меѓу кои и три деца со многу сериозни повреди, соопштија во денеска наутро украинските власти.

Спасувачите во градот Днипро на југоистокот на Украина извлекле голем број повредени од урнатините на станбена зграда по рускиот напад, соопштија украинските власти, а пренесува агенцијата dpa.

Спасувачите се уште трагаат по преживеани.

„Русија уште еднаш покажа дека е терористичка држава. За жал, има луѓе под урнатините“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев.

Шефот на државата објави видео на кое се гледа како двокатницата била целосно уништена.

Зеленски изјави дека проектилот го погодил просторот помеѓу две двокатни згради. Не многу пред тоа, во регионот беше прогласена тревога за воздух.

„Русите ќе сносат одговорност за се што направија за нашата земја и народ“, додаде Зеленски.

Претходно Зеленски рече дека верува оти земјата е подготвена за долгоочекуваната контраофанзива за ослободување на териториите од руската окупација.

„Според мене, од денеска сме подготвени за тој чекор“, рече тој во интервју за Волстрит журнал, кое американскиот весник го објави и како видео на својата веб-страница.