Кралскиот нутриционист открива како принцезата Кејт ја одржува линијата

Кејт Мидлтон секое утро со појадок консумира зелено смути полно со витамини и хранливи материи. И поранешната кралска нутриционистка Џенифер Ханвеј зборуваше за придобивките од смутито на Кејт.

„Можете да потрошите стотици и стотици фунти на третмани за кожа, производи и третмани за лице, но ако не се храните правилно, никогаш нема да можете да ги искористите придобивките бидејќи ние сме она што го јадеме“, објасни таа.

Кејт во своето смути обично става кељ, спирулина, мача, спанаќ, зелена салата и овошје.

– Сè, од кељ до зеленило е навистина одличен извор на хранливи материи. Ова смути изобилува со антиоксиданси кои се борат против штетите предизвикани од слободните радикали и токсините од околината кои ни го крадат природниот сјај – заклучила Џенифер, а пренесува story.hr.

Експертите споделија рецепт за зелено смути со круша, ѓумбир и авокадо што може да им помогне на жените да постигнат природен сјај и да останат во добра форма.

Здравите смути можат да ја намалат потребата од грицки помеѓу оброците за да се чувствуваме подолго сити.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zak Hussein (@zakhusseinphoto)