Пленковиќ им ја честиташе победата на Мицкоски и Силјановска Давкова

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ му ја честита победата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски на вчерашните парламентарни избори, како и на „новоизбраната претседателка на Македонија“.

– Честитки до Христијан Мицкоски на убедливата изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ. Со нетрпение очекувам да продолжи одличната соработка меѓу Хрватска и Македонија, чиј европски пат силно го поддржуваме. И честитам и на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова – напиша Пленковиќ на социјалната мрежа „Х“.