Актерката Ен Хеш доживеала страшна сообраќајна несреќа откако возела под дејство на алкохол, па итно била хоспитализирана. Таа била фотографирана со шише вотка во автомобилот неколку моменти пред несреќата.
Според пишувањата на странските медиуми, таа возела пијана и најпрвин удрила во станбена зграда, а кога случајните минувачи се обиделе да и помогнат, таа одбила помош и продолжила со полн гас.
Набрзо потаа повторно удрила во друга куќа, но во таа прилика автомобилот се запалил, а огнот ја зафатил и куќата. Актерката завршила со сериозни изгореници, а лекарите се борат за нејзиниот живот.
Ен е позната по улогите во филмовите „Знам што направи минатото лето“, „Шест дена, седум ноќи“, „Вулкан“, „Враќање во рајот“…