СДСМ утре одржува Централен одбор и на него се очекува да биде предложено ново партиско раководство на партијата. Информациите од таборот на социјалдемократите се дека ќе биде промовиран Совет за креирање и имплементација на политики, а со него наводно ќе раководи поранешниот пратеник на СДСМ – Игор Ивановски.
Како повратник во високите структиру на партијата се споменува и екс-градоначалникот на скопски Карпош – д-р Андреј Петров.
„Разговаравме со претседателот Ковачевски, но не зборувавме за тоа на која позиција ќе бидам поставен. И јас ги читам написите, но ајде да почекаме до утре, оставам на Ковачевски и на органите и телата на партијата да го утврдат тоа – изјавил Петров за Нова тв.