„Во однос на структурата најбитно е стареењето на населението. Врз основа на податоци од надворешни бази, лицата кои се иселувале се помлади од оние кои останувале тука. Ние сме длабоко навлезени во демократска дивидента затоа што младото население се повеќе се намалува. Бројот на вработени во земјава имаше континуиран пораст. Бројот на вработени по пензионер имаше пораст“ – вели професор Марјан Петрески од Универзитетот „Американ колеџ“ во најновото издание на Трилинг.
Петрески смета дека „мора како општество да се откажеме од ад хок зголемување на пензиите. Пописот е релевантен за креирање на економските политики. Сега ќе имаме увид каква е структурата“.
Професор Петрески за иселувањето на младите и евентуален недостиг на работна сила вели:
„Не се согласувам со тезата. Точно е дека постои недостиг на работна сила, но ако се погледне статистиката во Агенцијата на вработување има невработени кои секој месец се пријавуваат, околу 130.000 невработени. Да ги преквалификуваме овие 130.000 лица, дури и во некоја следна фаза, треба да се размислува за алтернативи, ако одиме на варијанта да увезуваме работна сила, тоа се коси со покачување на платите“.