„Верувам дека овој дијалог, оваа конструктивна работа ќе го замени национализмот“ е пораката на бугарскиот премиер Кирил Петков во своето воведно обраќање во Софија, на кое е заедно со неговиот македонски колега – Димитар Ковачевски.
Петков рече дека е оптимист и дека веќе денеска очекува први конкретни резултат од новиот пристап во дијалогот со нашата земја. Тој изјави дека очекува конструктивниот дијалог да го замени национализмот.
„Кај мене постои голема надеж. На синоќешната вечера видовме дека дека дел од министрите планираат конкретни мерки и затоа очекувам веќе денеска реални први резултати, реални спогодби, планови во сите од сферите. Верувам дека овој дијалог, оваа конструктивна работа ќе го замени национализмот, јазикот на омраза, дискриминацијата. Очекувам сето тоа да покаже дека кога имате луѓе од двете страни кои сакаат да направат добрососедство, тоа функционира само со добра работа и со добри цели. Луѓето во двете земји очекуваат реални резултати, тие не очекуваат политички реторика, туку резултати“ – рече Петков.