Новиот мандатар во новата бугарска Влада – Кирил Петков веднаш откако претседателот Радев му го врачи мандатот рече дека прв чекор ќе им биде контрола на цената на струјата.
Според него, втора задача ќе биде контрола на кризата со Ковид-19 во Бугарија.
Исто така, меѓу првите задачи на Петков ќе биде и спроведувањето на реформата на правосудниот систем во Бугарија. Мотото на владата ќе биде „нулта толеранција за корупцијата“.
„Ќе се формира и парламентарна комисија“ рече мандатарот Петков и додаде дека не е задоволен од работата на Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев.
„Промената во судството во Бугарија ќе се случи“ – рече мандатарот .