Петер Маѓар: Разговори со Урсула фон дер Лајен за деблокирање на средствата од ЕУ за Унгарија

Лидерот на партијата Тиса, која победи на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар објави дека вчера разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија, наведувајќи дека целта е граѓаните на таа земја што поскоро да добијат пристап до парите за развој на Европската Унија.

Во објава на Фејсбук, Маѓар изјави дека во нов телефонски разговор со Фон дер Лајен е постигнат договор дека ослободувањето на замрзнатите средства наменети за Унгарија е еден од приоритетите, објавува унгарскиот портал Индекс.

Според него, ЕК изјавила дека тесно ќе соработува со идната унгарска влада со цел да се постигнат конкретни резултати во краток временски период и да се обезбеди граѓаните и институциите да добиваат средства од европските фондови.