Владимир Путин – претседателот на Русија е рамнодушен кон санкциите против него, бидејќи тој нема имот во странство, изјави денеска портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.
„Тој е прилично рамнодушен“ – рече Песков на прашањето како Путин лично ги доживува западните санкции против него.
Песков додаде дека ЕУ има непријателски однос кон Русија и презема непријателски мерки.
„Европската унија е здружение кое презема, да ги наречеме работите во нивното вистинско име, непријателски мерки против нас“ – додаде Песков.
Дел од светските агенции јавија дека Песков рекол оти „Русија ќе може да ги отстрани западните санкции поради нејзината инвазија на Украина“.