„Чекорот на Финска кон членство во НАТО е дефинитивно закана за Русија и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен“. Ова денеска на прес-конференција го изјави портпаролот на Кремљ – Дмитриј Песков.
Тој рече дека чекорите што ги презема Финска кон НАТО се за жалење и причина за адекватен одговор.
Финскиот претседател и премиер претходно денеска заедно изјавија дека земјата мора „без одлагање“ да бара членство во НАТО.