Српскиот претседател – Александар Вучиќ изрази благодарност на пензионерите во земјата за поддршката. Тие денеска добија помош од 20.000 динари (170 евра).
„Почитувани пензионери, 20.000 динари државна помош не се малку пари, но знам дека е речиси ништо во споредба со она што и го дадовте на нашата земја, градејќи ја, создавајќи услови за сите нас што дојдовме по вас, да можеме да живееме пристојно и да имаме поинаква и подобра иднина“ рече Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм.
Над 1,66 милиони пензионери во Србија добиваат државна помош во износ од по 20.000 динари.
Владата ќе усвои предлог за нов закон за исплата на нови 100 евра за младите, од 16 до 29 години.