Пендаровски: Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во Туркије

Најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот и турскиот народ. Ова е порака испратена од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски по разорниот земјотрес кој утрово однесе над 100 животи.

„Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите, претседателот Recep Tayyip Erdoğan и турскиот народ во овие тешки мигови по страшниот земјотрес што ја погоди Туркије. На повредените им посакувам брзо закрепнување“, се вели во објавата на претседателот на државата на друштвените мрежи.