(Видео) Над 360 загинати во разорен земјотрес во Турција

Силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточна Турција и Сирија рано утринава, уривајќи поголем број згради.

Медиумите јавуваат за над 360 мртви и илјадници повредени, но стравувањата се дека бројот на жртви ќе биде многу поголем од моменталните бројки.

Разорниот земјотрес е регистриран во јужната погранична провинција Газиентеп кај гратчето Нурдаги.

Жртви од земјотресот има и во Сирија. 18 афтершокови се случиле на погоденото подрачје, а регистрирани се неколку земјотреси над 5 степени.

Спасувачките екипи се на терен, а првите снимки покажуваат разурнати згради од кои спасувачите извлекуваат повредени луѓе.

Земјотресот, бил почувствуван дури до Каиро. На сириската страна на границата, земјотресот ги погоди регионите кои се под контрола на опозицијата и во кој има околу 4 милиони Сиријци раселени од другите делови на земјата поради долгата граѓанска војна.

Според Американскиот сеизмолошки институт, катастрофалниот земјотрес се случил во 04:17 минути по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри.