Пендаровски исвиркан на Галичка свадба, го дочекаа со зборовите „предавник“

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска е во Галичник, местото од каде потекнува, на одбележување на традиционалната Галичка свадба чиј покровител е.

Додека тој поминуваше помеѓу граѓаните се слушаа свирежи упатени кон него, а тој не се заврте кон народот кој извикуваше „предавник“ и „никогаш северна само Македонија”.

Вчера во Собранието се изгласаа заклучоците за францускиот предлог, а Владата на вонредна седница го прифати предлогот, додека претседателот Пендаровски го поздрави ваквиот чекор.