Пендаровски за Трилинг: Скринингот е апсолутно најважниот политички приоритет за нас

Ставот на претседателот на државата Стево Пендаровски е дека во наредните 14 месеци скринингот е апсолутно најважниот политички приоритет за нас. Да се фатиме за реформи, нагласи тој, бидејќи имаме доста домашни задачи на тој план.

– Не мислам дека промената на Уставот денес или во месеците кои доаѓаат, треба да биде политички приоритет на Владата. Но, ако Владата која има мнозинство во Парламентот мисли поинаку, не можам да речам не. Мислам дека треба да се посветиме на работите кои додека преговараме и чекаме изминатите две години за некако да ја надминеме бугарската блокада, тука некои работи не одеа на добро, особено во делот на владеење на правото и борбата против високата корупција, рече претседателот Пендаровски во гостувањето во магазинот Трилинг.