Претседателот Стево Пендаровски за утре свика седница на Советот за безбедност, на која се очекува да биде разгледана актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.
Од кабинетот на Претседателот информираа дека на седницата ќе присуствуваат Талат Џафери, претседател на Собранието, Димитар Ковачевски, претседател на Владата, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.
На покана на претседателот Пендаровски, на седницата на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на АРМ.