Османи на средба со рускиот амбасадор за случувањата во и околу Украина

Бујар Османи – шефот на македонската дипломатија денеска имаше средба со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин, на која разговарале за случувањата во и околу Украина.

Османи повикал на деескалација на состојбите и изнаоѓање решение преку дијалог и дипломатски начин на комуникација, па го повторил ставот дека Северна Македонија го почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, во меѓународно признатите граници.

Македонскиот шеф на дипломатијата нагласил дека нашето членство во НАТО претставува значајно надворешно – политичко достигнување на земјава, што е израз на наша суверена одлука донесена едногласно во Собранието во 1993 година.

„Членството на Северна Македонија во НАТО Алијансата претставува гаранција за нашата безбедност, а воедно придонесува и за пошироката регионална безбедност и сигурност. Дополни, дека НАТО е алијанса за колективна одбрана на земјите членки и не претставува закана за Руската Федерација или било која друга земја во светот“ – се вели во соооштението од МНР по нивната средба.