Партијата Самоопределување на Албин Курти води со над 43 проценти на изборите во Косово

Станува збор за нецелосни прелиминарни резултати од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Податоците засега ги опфаќаат само гласовите од територијата на Косово. Гласањето во дијаспората по пошта и во дипломатските претставништва на Косово во 30 земји беше спроведено во периодот од 21 мај до 6 јуни.

Левичарското националистичко движење Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти води со освоени нешто на 43 проценти од гласовите на вчера одржаните избори.

Станува збор за нецелосни прелиминарни резултати од вчера одржаните предвремени парламентарни избори. Податоците засега ги опфаќаат само гласовите од територијата на Косово. Гласањето во дијаспората по пошта и во дипломатските претставништва на Косово во 30 земји беше спроведено во периодот од 21 мај до 6 јуни.

Поддржувачи на Самоопределување вчера вечерта се собраа во центарот на Приштина за да ја прослават изборната предност.

Во меѓувреме, косовските власти соопштија дека се приведени пет лица под сомнение за изборни прекршувања, додека други 12 се ослободени во редовна постапка.

Полицијата соопшти дека изборниот процес генерално поминал мирно и без посериозни инциденти.

Обвинителството наведе дека се водат истраги за нарушување на тајноста на гласањето, злоупотреба на правото на глас и поткуп.

Овие избори се трети предвремени парламентарни избори во Косово во период од помалку од 18 месеци, во услови на продолжена политичка криза и блокади во функционирањето на институциите.