Партиите во Италија ќе бараат актуелниот претседател да остане уште еден мандат

Владејачките политички партии во Италија се согласија да побараат од италијанскиот претседател Серџо Матарела (80) да остане на функцијата уште еден мандат, откако Парламентот не успеа да најде алтернативен кандидат, изјави денеска лидерот на левичарската партија Слободни и еднакви (ЛЕУ), Роберто Сперанца.

И премиерот Марио Драги побара од Матарела да остане на функцијата уште еден мандат, откако политичките лидери не успеаја да најдат алтернативен, компромисен кандидат.

Наводно, Драги му рекол на Матарела дека треба да остане на функцијата за доброто и стабилноста на земјата.

Засега нема коментари од кабинетот на италијанскиот претседател.

Матарела претходно изјави дека не сака уште еден мандат како шеф на државата.