Парламентарни избори: ВМРО-ДПМНЕ 41,79%, ДУИ 15,15%, СДСМ 14,29%, Вреди 12,17%, Левица 6,78%, ЗНАМ 5,11%

Првичните резултати од денешните парламентарни избори што Државната изборна комисија ги објавува на својата веб-страница, покажуваат дека од обработени 73,74 избирачките места, Коалицијата „Твоја Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ има освоено 290.681 (41,79%), Европски фронт на ДУИ 105.362 (15,15%), Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ 99.363 (14,29%), а Коалицијата од албанскиот опозициски блок „Вреди“ 84.617 (12,17%).

Лавица има 47.159 гласа (6,78%), а Движење ЗНАМ – За наша Македонија 35.548 (5,11%). Останатите партии и коалиции кои учествуваа на изборите имаа под еден процент гласови.

Право на глас на парламентарните избори имаа 1.815.350 граѓани запишани во избирачкиот список.

Се гласаше согласно пропорционалниот модел во шест изборни единици. Гласање за парламентарните избори во дијаспората не се спроведе бидејќи немаше доволен број пријавени наши државјани.