„Паралели“ од Лидија Даниловска-Алексовска во издание на „Слово“
Објавена поетската книга „Паралели“ од Лидија Даниловска-Алексовска, во издание на „Слово“ од Скопје.
Ова е втора книга Даниловска-Алексовска. Нејзината прва книга, исто така поезија, носи наслов „Од двете страни“.
Читателот ќе забележи дека постои континуитет на вторава со првата книга, пред сè во она што е нејзина поетика, во формата, во градбата на версот.
Тематски, книгата „Паралели“ зборува повеќе за она што е стварност, што е живот. Оттука, песните, на поетски начин, зборуваат за доживувањата, за животните искуства, а дел од нив се особено поврзани со релациите, со љубовта, што се споделува со најблиските.