Папата Франциск напиша писмо: Три клучни збора во бракот се – молам, благодарам и извини
Сакајќи да ги охрабри брачните двојки, папата Франциск рече дека пандемијата ги влошила постоечките проблеми во некои семејства, ги повика двојките да побараат помош. Тој во писмото кое го напиша потсети дека трите клучни зборови во бракот се: молам, благодарам и извини.
Писмото на папата беше објавено денеска, на католичкиот празник на Светото семејство, со кој се слави споменот на семејството на Исус.
Тој во писмото наведува дека блокадите, ограничувањата и карантинот ги принудуваат семејствата да поминуваат повеќе време заедно и истакна дека таквата наметната заедница го тестира трпението на родителите, браќата и сестрите.
„Постоечките проблеми се влошија, создавајќи конфликти кои во некои случаи беа речиси неподносливи. Многумина ги загубија своите врски“, напиша папата.