Папата допатува во Камерун во втората етапа од својата африканска турнеја

Папата Лав XIV денеска пристигна во Камерун, каде ќе се сретне со претседателот Пол Бија во Јаунде, во втората етапа од неговата африканска турнеја.

Папата Лав XIV денеска пристигна во Камерун, каде ќе се сретне со претседателот Пол Бија во Јаунде, во втората етапа од неговата африканска турнеја.

Бија (93) е претседател на оваа западноафриканска земја од 1982 година, а претходно беше премиер. Повеќе од половина од 30-милионското население на Камерун се христијани, од кои една четвртина се католици, според Светската база на податоци за религии. Независните цркви се во подем, додека околу 20 отсто од населението се муслимани, пренесе ДПА.

Некогаш германска колонија, земјата била поделена меѓу Франција и Обединетото Кралство по Првата светска војна. Илјадници луѓе се убиени во граѓанската војна која беснее од 2017 година меѓу владата во која доминираат франкофоните и англофонските сепаратисти. Исламистички терористички групи се активни во северниот дел на земјата.

Земјата е силно задолжена и оптоварена со корупција. Распаднатата инфраструктура и високата невработеност кај младите се други големи проблеми. Се проценува дека околу 40 проценти од населението живее во сиромаштија. Политичката опозиција и слободата на медиумите се ограничени.

Папата Лав го посети Алжир на почетокот на своето патување. По Камерун, тој патува за Ангола и Екваторијална Африка.