Павле Трајанов: Големите партии го користат потенцијалот на малите, па потоа ги маргинализираат

„Големите партии прават концепт да го искористат потенцијалот на малите партии, а по изборите ги маргинализираат“. Ова во денешното издание на „Утрински брифинг“ го изјави лидерот на ДС, Павле Трајанов.

Тој смета дека големите партии треба да ги надминат меѓупартиските дискредитации оти тоа се одразува врз државата со поларизираност на населението. Трајанов подолго време бара промена на изборниот модел и воведување една изборна единица.

„Оти една партија кога ќе освои мнозинство е комотна и не го спроведва она што го ветила“ вели Трајанов и потенцира дека „ако малите партии сами настапуваат на изборите ќе биде попринципиелно и полегитимно да одлучуваат за своите постапки.

„Така можеше легитимно да се урне владата на Заев, а не како Беса која неправедно имаше четири пратеника и го направи тоа што го направи. Ние, пак, мислиме и на државата и затоа не се приклучивме на таа иницијатива“ – вели Трајанов.