Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ја објави официјалната песна на Светското првенство во Катар. Песната се вика „Хаја, хаја“.
Песната ја изведуваат американската пејачка Трининад Кардона и катарската сензација Ајша.
„Оваа песна симболизира како музиката и фудбалот можат да го обединат светот. Потпирајќи се на R&B и реге влијанието, песната ја отсликува возбудата околу фудбалскиот фестивал што ќе го освои светот подоцна оваа година“ – се вели во соопштението на ФИФА.