
Поддржувачите на „Фондацијата Македонија“ на контроверзниот Виктор Стојанов денес ја вандализираа амбасадата на Македонија во Софија.
Според она што го објави Фондацијата на својот Фејсбук профил, од вратата на амбасадата е симната официјалната табла со името на државата.
„Таблата со погрешен натпис во Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија – на која пишуваше „ambasada“ наместо „posolstvo“ – е отстранета, а ќе биде поставена нова табла со натпис „Embassy of the Republic of North Macedonia“, како што и треба да биде! Ќе се стави крај на сите самоволни постапки на режимот на Мицкоски!“ објави на Фејсбук – „Фондацијата Македонија“.
Од бугарското МНР засега нема реакција.