(Видео) Османли: Најчеста грешка што ја прават лидерите во нашата земја е што се водат од тесен интерес

Разговорот со Османли го водеше Марија Димишкова

„Многу често на овие простори терминот лидерство може да се замени со дефиниција на моќ. Моќ по дефиниција е привилегијата група луѓе да се натера да се движи кон одредена цел. Кај нас поради дивергентните културни предиспозиции двата концепти знаат да се мешаат. Лидерството е во принцип привилегија на софистицирани и високообразувани општества. Општество како нашето ја нема подеднакво привилегијата да развива лидери“ – вели Димитар Османли, предавач, консултант и претприемач во најновото издание на Трилинг.

„Во Македонија постои можност за развој на лидерство, но се уште доцниме“ вели тој.

Османли смета дека „растејќи во Македонија имал фантастична школа за тоа што е лидер“.

„Најчеста грешка што ја прават лидерите во нашата земја е што се водат од тесен интерес. Кога една визија не е добро споделена, таа не се лепи, не останува. На политичката сцена во Македонија, постои криза на лидерство“ вели тој.