Министерот за надворешни работи – Бујар Османи на тв24 утринава изјави дека исмејувањето на институциите за време на руската агресија во Украина е хибридна закана, дефинирана од државата.
„Кога ги дефиниравме хибридните закани, една од хибридните закани дефиниравме дека е исмејување на институциите. Кога вели МНР напуштете една држава, вие мора да верувате во тоа. Несвесно граѓаните влегуваат во такви инструменти на наштетуивање на државата, затоа барам многу внимателност во овој дел. Принципите и поредокот ја штитат Северна Македонија. Кога ќе дојде законот на џунглата тогаш очекувајте империите да ви чукнат на врата“ – рече Османи.
Тој додава дека ваквиот феномен делумно го разбира и дека постојат објективни причини за тоа, меѓу кои и долгото чекање за започнување на преговори со ЕУ.
„Има одредени објективни елементи како што е чувство на измаменост од ЕУ кое се манифестира како антизападна политика. Тоа е емоција која ја ослабува довербата на граѓаните во институциите. Ние се обидуваме максимално да ги направиме институциите поотпорни и по однос на напад на дигиталната инфраструктура и по однос на овие хибридни закани. Во Обединетите Нации 141 земја беа согласна, само пет гласаа против осудата на руската агресија“ – вели Османи.