Лавров: Американците се како Хитлер, сакаат да ја држат Европа под контрола

„Нашата цел е да се ослободиме од нацистите во Украина“ е ставот на рускиот министер за надворешни работи – Сергеј Лавров, додавајќи дека преговорите меѓу украинските и руските сили ќе се одржат денеска.

Тој додаде дека преговорите може да се водат „под услов на рамноправност“.

„Сигурен сум дека нашите партнери од Западот ќе се смират и ќе бараат решение преку дијалог. Западот не треба да одлучува за нашата безбедност, рече Лавров. – Западот се обидува да ни ја наметне сопствената слика за иднината на Европа“ – додаде тој

На пресот Лавров ја спореди Америка со нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.

„Америка им диктира на Германците што е добро за европската енергетска безбедност. Тие велат дека не им треба гасоводот Северен тек 2 и тврдат дека Америка ќе обезбеди енергетска безбедност, која е неколку пати поскапа. Наполеон и Хитлер имаа за цел да ја стават цела Европа под своја контрола. Сега Американците сакаат да го направат тоа“ – рече Лавров.