Бујар Османи – министерот за надворешни работи денеска остварил телефонски разговор со Кабинетот на претседателот на Франција, Емануел Макрон, соопштија од МНР.
Оттаму велат дека министерот добил уверување дека при употребата на придавката за граѓаните на Северна Македонија, направена е ненамерна грешка, потврдувајќи го притоа официјалниот став на Франција за целосно почитување на официјалното име на државата, државјаните на Северна Македонија, како и соодветните придавки, на начин како тие се дефинирани и прифатени во Обединетите нации, согласно Преспанскиот договор, додаваат од МНР.
Претседателот на Франција, пред неколку дена го поздрави гласањето во бугарскиот Парламент за францускиот предлог и рече дека процесот продолжува.
„Ова е многу добар сигнал, сакам да му честитам на бугарскиот премиер и опозициските сили кои се здружија околу ова гласање, но и да им се заблагодарам на „Северномакедонците” за нивниот напредок“ – рече францускиот претседател и додаде дека „има уште работа”.