Османи и Маричиќ во посета на Париз на разговор за ЕУ перспективите на земјава

Бојан Маричиќ – вицепремиерот за европски прашања заедно со Бујар Османи – министерот за надворешни работи денеска се во работна посета на Париз.

Од МНР информираат тие ќе остварат средби со државниот секретар за европски прашања во француското Министерството за Европа и надворешни работи – Клеман Бон и со дипломатскиот советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Франција – Изабел Думон.

Информациите се дека Во фокус на разговорите ќе бидат европските перспективи на земјава во светло на актуелното француско претседателство со Европската Унија, а се очекува да бидат разменети мивлења и за други актуелни регионални и глобални предизвици.