Османи: Бугарија барала да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот

Екатерина Захариева – поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија минатата година во декември дала предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија, но два члена биле спорни за нашата страна. Ова денеска на брифинг со новинарите го рече македонскиот министер за надворешни – Бујар Османи.

Тој посочи дека два члена биле спорни од тој договор, во кој се барало да се потпише дека македонскиот јазик произлегува од бугарскиот, а нацијата произлегла од обидот за ослободување од отоманската империја.

Тој засега нема идеја кога би можело да дојде до потпишување на нов договор со нашиот источен сосед.