Од следниот викенд во употреба турска вакцина против Ковид-19

„Турковак“ – турска вакцина против Ковид-19 е одобрена од турските власти за итна употреба и таа ќе почне да се користи од следниот викенд. Ова денеска го изјави денеска министерот за здравство – Фахретин Коџа.

Иако Турција ја развива вакцината цела година, нејзиното пуштање во употреба неколкупати беше одложувано.

Претседателот Ердоган рече дека Турција ќе ја направи вакцината достапна на светско ниво.

Веќе се испорачани над 125 милиони дози од кинеската вакцина Синовак и на Фајзер, а над 51 милион луѓе веќе примиле две дози.

Фабриката каде што се произведува новата вакцина против Ковид 19 е во југоисточниот округ – Шанлиурфа.

„Наскоро ќе почнеме со масовно производство на вакцината“ истакна тамошниот министер за здравство.

Турција потврди околу 20.000 нови случаи на инфекција и околу 200 смртни случаи дневно.