„Од 7. декември 2021 година, омикрон варијанта на коронавирусот е потврдена во 57 земји“ информираат од Светската здравствена организација.
Инфрмациите се дека бројот на откриени случаи на коронавирус во моментов рапидно расте во Јужна Африка, иако причините за ова зголемување сè уште не се познати.
Од СЗО нагласуваат дека „прелиминарните анализи покажуваат дека мутациите во омикрон варијантата можат да ја намалат неутрализирачката активност на антителата, што доведува до намалена имунолошка заштита“.
Засега, експертите велат, дека потребни се повеќе податоци за да се процени ефекасноста на вакцините против сојот Омикрон.
„Потребни се повеќе податоци за да се процени дали мутациите својствени на варијантата Омикрон може да доведат до намалена имунолошка заштита од вакцините“, велат експертите.
Според нив, потребни се повеќе „податоци за ефикасноста на вакцините, вклучително и употребата на дополнителни дози“.