Шверц на дрога со чамец од Албанија – турската полиција ги фати со 1,5 тони марихуана

Пак е во функција старата рута за шверц на дрога, со гумени чамци од Албанија кон Турција.

Во Турција се запленети 1,5 тони марихуана, а биле уапсени три лица, албански државјани, кај кои биле пронајдени три пиштоли, јави агенцијата „Балкан веб“.

„Според изјавата на гувернерот на Измир, започнала истрага по добиените информации дека од Албанија ќе пристигне поголемо количество дрога. Била спроведена истрага од страна на главните јавни обвинители на Измир и Торбал, а акцијата била спроведена во координација на командата на полицијата и крајбрежната стража во провинцијата Мугла“ информираат од агенцијата.

Информациите се дека тројцата осомничени со глисер по морски пат ја транспортирале дрогата од Албанија до Турција, па ја извадиле на брегот и ја сокриле во шумски предел, покрај брегот.