Од понеделник во Вашингтон не треба да се носат маски во затворен простор
Иако Вашингтон важи за место каде антиковид мерки се најстроги во САД, од наредниот понеделник ќе се укине задолжителното носење маска во затворен простор. Ова го соопшти градоначалничката Мјуриел Боузер.
„Од понеделник Вашингтон ја укинува обврската за носење маска во затворен простор“ – рече таа.
Останува задолжително да се носат маските во јавниот превоз, во училиштата, библиотеките, домовите за стари лица, и во дел од јавните згради.
Надлежните информираат дека бројот на инфекции во Вашингтон е стабилизиран.