Од огнено оружје повторно оштетен бугарскиот клуб во Охрид

Вечерва повторно е оштетено стаклото на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид. Оштетувањето било пријавено во полиција нешто по 19 часот, по што од терен е утврдено дека стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот се оштетени од огнено оружје. Настанот е пријавен и кај јавниот обвинител.

Пред два дена клубот Цар Борис Трети беше оштетен исто така. Оштетено беше стаклото од светлечката реклама од камен.