Од денеска замрзнуваат цените на парното, струјата и водата во Бугарија

Во соседна Бугарија, тамошното Народно собрание денеска одлучи да ги замрзне цените на парното, струјата и водата.

Иако првично беше решено оваа мерка да стапи на сила од 1. јануари 2022 година, сепак цените замрзнуваат од денеска, 16. декември.

Оваа одлука беше усвоена со 132 гласа „за“, 4 „против“ и 2 воздржани.