Долгот што Касами го наследил од Арифи го пишува на билборд во Тетово

24.018.222 евра – тоа е сумата која осамна на билнорд поставен во Тетово.

Ова го вети актуелниот тетовски градоначалник – Билал Касами (БЕСА), а бројките го означуваат долгот кој општината го имала во моментот кога тој го преземал нејзиното раководење од претходната градоначалничка – Теута Арифи од ДУИ.

Градоначалник Касами, неодамна соопшти дека општина Тетово должи 14 милиони евра, Јавното комунално претпријатие 9,7 милиони евра, ЈП Градски паркинг 187.000 евра или вкупниот долг е 24 милиони евра.